Зголемен е интересот за вакцинација по појавата на првиот случајот на пертусис. Од крајот на јануари досега вакцинирани се над 1.700 предучилишни дечиња и 915 деца на училишна возраст, соопштија денеска надлежните од вакциналниот пункт од Здравствен дом Куманово.
Имаше голем број невакцинирани деца дали со втора, трета доза, дали со ревакцина, ние тука постигнавме доста голем успех и кај некои и целосно го исполнивме вакциналниот статус за да можат редовно да одат во градинка и пред сè да бидат заштитени и самите, но и околината во која се наоѓаат, за да го постигнеме оној колективен имунитет што значи и заштита од заразни заболувања, изјави началникот на детски диспанзер, д-р Валентина Богоевска-Димитриевска.
Куманово е под засилен епидемиолошки надзор поради состојба со „голема кашлица“. Најновиот потврден случај е 15 годишна ученичка од Кратово. Таа е вакцинирана со пет дози и е на домашна терапија. На ниво на Куманово има 23 регистрирани случаи, центарот за јавно здравје пријави епидемија.
Продолжуваме да ги следиме препораките на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство за да го продолжиме континуитет на вакцинирање и да придонесеме за зачувување на здравјето на сите нас особено на најмалите кои се во период кога не можат да бидат вакцинирани, изјави Богоевска-Димитриевска.
Во осумте објекти на градинката „Ангел Шајче“ се примаат деца со примени три дози вакцина против „голема кашлица“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.