По седум неделно континуирано намалување на бројот на аплицирани дози вакцини во Македонија, оваа недела е зголемен бројот за 62,8 отсто во однос на минатата недела, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Со една доза на вакцина против ковид-19, во државата и странство, вакцинирани се 51,8% од населението над 18 годишна возраст, односно 47,8% од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 41,7%.

Опфатот со две дози на вакцина против ковид-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 50,3%, односно 46,5% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 40,6%.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.