Проф.Марија Јовановски – Срцева во „Магазин“ на Сител говореше за важноста да се стекне доверба меѓу пациентот и анестезиологот.

Како анестезиолози се трудиме да направиме пријатна атмосфера за пациентите. Пациентите кои доаѓаат за некои полесни интервенции имаат прашања во однос на анестезијата од типот дали боли, колку ќе трае, дали ќе се разбудам и на тие прашања секојдневно одговараме, вели анестезиологот.

Проф.Срцева информираше за статистиката, според која Македонија се наоѓа на 40-то место во светот според карциномот на дојка, ова значи дека на 100 000 пациенти некаде околу 30 до 40 пациентки ни умираат од оваа болест.

Како мајка, како жена, како лекар, како ќерка, ја користам оваа прилика да го истакнам фактот дека не научивме дека превенцијата го спречува ова заболување. Ги научивме децата овие седум години да работат на интернет платформа дека треба да се заштитат од ковид, но не видов ниту една домашна задача за кои се начините и како да се грижат за своето здравје во насока на заштита од малигните болести. Силно апелирам до секоја жена, до медицинските и образовните установи да ја подигнат свесноста за превенција од ова заболување, порача Срцева.

Таа во гостувањето се осврна на предавањата кои ги има во Австрија, каде на светско ниво се дискутира за важноста и подобрувањето на исходот од оперативната интервенција, како и важноста на предоперативната подготовка на пациентите во торакалната хирургија.

Науката ми е пасија и силно верувам во медицината. Новите ставови водат кон индивидуален пристап на пациентот или пациент – центрирана медицина. Науката секој ден оди напред и јас сум еден од поддржувачите на науката. Катедрата за анестезија секојдневно ги следи новитетите во интерес на пациентите, посочи таа, додавајќи дека пред повеќе од години го изготвила протоколот како листа кои се компликации од анестезија,но за жал не се пласирани и пациентите е под знак прашање колку се запознаени.

Таа потенцираше дека трансплантацијата е многу осетлива и предизвикувачка тема на која може многу да се зборува, а посебно за трансплантацијата на бел дроб за која неопходно е многу анализи да се направат во државава,како и да се користат искуствата на блиските држави.

Трансплантацијата на бел дроб е врвот на трансплантацијоната медицина, заклучи таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.