Вакцините ДиТеПер за возрасни се пристигнати во државава и заинтересираните уште од денеска можа да примат ревакцина во вакциналните пунктови, информираше денеска министерот за здравство Илир Демири, одговарајќи на новинарски прашања на настан во Скопје по повод одбележување на 17 март Ден на крводарителството и Денот на основање на Црвениот крст.

Вакцините се стигнати и веднаш ќе можат да се аплицираат кај луѓе кои имаат потреба од таков вид ревакцина, изјави министерот за здравство, Демири.

Вакцината ДиТеПер за возрасни се препорачува да примат медицински лица, лица кои рработат со деца и возрасни кои живеат со млади деца кои би можеле да се заразат.

Тој посочи дека денеска ќе ја потпише одлуката на Комисијата за заразни болести за вакцинација на деца и истакна дека и без негов потпис таа е валидна.

Сега ќе ја потпишам откако ќе се вратам, после настанот, одлуката на Комисијата е валидна и без мој потпис, оти Комисијата е составена од експерти кои носат праведни одлуки во интерес на граѓаните и во интерес на спасување животи, рече министерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.