За превенција на мамулакот постојат голем број методи и лекови. Поголемиот дел се „народни преданија“, а некои дури и научниците ги потврдија.

1. Морате да ги знаете своите граници

Ако пиете често, најверојатно знаете кога треба да престанете. Сепак, често е тешко да се повлече црта и да се каже дека е доста. Но, добро размислете дали тие неколку чашки повеќе навистина се вредни за она што ве чека наредниот ден. Ако ги знаете своите граници, немојте да ги прескокнувате. Значи, бидете паметни со консумирањето алкохол и пробајте што помалку и побавно да пиете. Тоа е најдобра работа во врска со превенцијата на мамурлакот.

2. Немојте да пиете на празен желудник

Алкохолот на празен желудник може да ви донесе само едно – убиствен мамурлак. Ако не можете да го одбегнете алкохолот, прво јадете нешто. Одберете здрава храна која ќе ве заштити и внесете витамини и други нутриенти. Никогаш, но баш никогаш немојте да пиете на празен желудник. Храната малку ќе го ублажи дејствувањето на алкохолот, ќе го намали ризикот од незгодни ситуации и ќе го забави дејствувањето на пијанство.

3. Немојте да мешате алкохолни пијалаци

Мешањето различни видови алкохолни пијалаци може да резултира со многу тежок мамурлак. Ако сакате добро да се забавувате и да го одбегнете мамурлокот, обидете се да пиете ист вид пијалак цела ноќ, наместо да пиете сѐ што ќе ви дојде при рака. Би требало да се фокусирате на пијалак со посветли бои, а одбегнувајте сѐ што содржи меурчиња, како различни вина кои можат да предизвикаат потежок и посериозен мамурлак од другите пијалаци.

4. Пијте вода

Денот пред забавата на својот организам морате да му осигурате доволно течност за да избегнете дехидрација на организмот. Освен вода, пијте овошни сокови. Добро е и пред одењето на забава да испитете чаша млеко затоа што ќе го намалите ризикот од мамурлак наредниот ден. Млекото добро дејствува на желудникот и го ублажува дејствувањето на алкохолот. Кога пиете, земете пауза и меѓу некои алкохолни пијалаци испијте некоја чаша вода. Значи, бидете сигурни дека сте испиле доволно вода пред, во текот и по пијанството.

5. Јадете

На забавата сигурно ќе има некоја храна, па осигурете се вашиот желудник да биде полн во текот на целата вечер за да може вашиот организам да апсорибира алкохол. Ако нема храна, тогаш може да послужат и кикиритки, пуканки или чипс.

Ако по лудата забава сепак ви се случи мамурлак, ви наведуваме неколку трикови кои сигурно ќе ви ги олеснат непријатните симптоми. Иако повеќето веројатно добро ги знаете, не е лошо да се повторат советите кои би требало да ги примените по целовечерната забава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.