Инфекцијата со денга моментално се шири со невообичаено брзо темпо во Бразил, јави ДПА.
Во првите два месеца од годинава во јужноамериканската земја се регистрирани 1.017.278 потврдени или веројатни случаи, соопшти денеска Министерството за здравство.
Ова е речиси пет пати повеќе од истиот период лани кога имало 207.475 заразени.
Здравствените власти пријавија 214 смртни случаи и во моментов истражуваат дали уште 687 се поврзани со инфекцијата со вирусот. Шест држави и главниот град Бразилија прогласија вонредна состојба.
Обилните дождови и високите температури во последните месеци веројатно предизвикаа големиот пораст на бројот на заразени. Во такви услови, видот на комарец кој го носи вирусот на денга може подобро да се размножува и да се развива.
Инфекцијата со денга предизвикува силна болка и е честа појава во тропските и суптропските предели. Сепак, заболувањето поминува релативно лесно и не секој заразен има симптоми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.