Многу луѓе страдаат од повишен крвен притисок, што дополнително и значително го зголемува ризикот од кариоваскуларни болести. Млечните производи содржат микронутритиенти, како калциум, магнезиум и калиум во траги, кои се вклучени во регулацијата на нивото на притисокот.

Јогуртот содржи млечни протеини и добри бактерии кои го потткнуваат ослободувањето на други корисни протеини заслужни за правилно функционирање на метаболизмот.

Неодамнешни истражувања потврдија дека пиењето 170 мл. јогурт со ниска масленост, три пати неделно, го намалува крвниот притисок.

Доколку имате проблем со притисокот и одлучите да го следите овој совет, за да не ви здодее едноличноста во конзумирањето вметнете ги следните додатоци.

– Во јогуртот додадете 80 грама ситно сечкана или изрендана крставица, кромид во прав и една лажичка копар. Ова комбинација го намалува и холестеролот.

– Помешајте 2 супени лажици пире од тиква, морско оревче, 2 – 3 коцки чоколадо. Придобивки од тиквата, морското оревче и коцките чоколадо се подобрена меморија и забрзана работа на мозокот.

– Измешајте јогурт и 1 супена лажица чиа семе и една зрела банана, исечкана на парчиња. Ќе внесете многу влакна, антиоксиданси и протеини со кои освен нормализирање на крвниот притисок, ќе ја подобрите и фигурата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.