Најдобро ќе забележите дека црниот дроб не ви работи како што треба, ако чувствувате хроничен умор, ако имате лошо здравје, ако често чувствувате горчлив и метален вкус во устата и ако имате жолта наслага на јазикот.
Ако постојано се прејадувате или јадете нездрава храна, пушите и пиете алкохол или земате јаки лекови, можно е да го изложувате вашиот црн дроб на дополнителен напор.
Експертите се сигурни дека црниот дроб може да закрепне ако секој ден за појадок јадете каша. Но ако не ви се допаѓа ова јадење, доволно е да го појадувате само 2 пати неделно.
Рецепт за каша што го подобрува здравјето на црниот дроб:
1 чаша овесно брашно.
Овесот ја блокира апсорпцијата на штетни материи и ја забрзува елиминацијата на токсини. Го олеснува процесот на варење и му ја дава потребната енергија на телото.
20 до 40 г тиква, исчистена и исечкана на коцки.
Ги обновува клеточните структури на црниот дроб и подмладува. Помага во прочистувањето на сите органи. Јадењето свежа тиква на празен стомак ја подобрува функцијата на желудникот и дигестивниот тракт.
Грст суво грозје, со добро измиени и раздвоени зрна.
Ја оптимизира функцијата на црниот дроб и помага во обновувањето на клетките.
Бадеми, по желба.
Ја нормализираат функцијата на црниот дроб.
Приготвување:
Ставете ги сите состојки во мало тенџере. Додајте вода или млеко, па оставете го да зоврие. Можете да додадете и малку сол. Кога ќе зоврие, тргнете го од рингла, поклопете и оставете го да отстои малку.
Се препорачува да ја приготвувате оваа каша најмалку 2 до 3 пати неделно. Брзо се апсорбира, дава енергија и го отстранува непријатниот плак од јазикот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.