Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека по повод розовиот месец, докторот специјалист од болницата во Струмица, Лазе Манев имал свое предавање на темата: „Карцином на дојка-современи дијагностички методи“.

„По повод #РозевОктомври, доктор Лазе Манев, специјалист радиолог од Болницата во Струмица со предавање на тема

“Карцином на дојка-современи дијагностички методи” на ТРЕТАТА АКАДЕМИЈА за здравство

#Важно е да се закаже преглед затоа што ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жената и најчеста причина за смртност.

Ова се дел од заклучоците од дискусијата и предавањето👇

❗️ И пациентките од Струмица и цел источен регион потешко стигнуваат до ехо на дојка или мамографија

❗️3 години не работеше мамографот во болницата во Струмица

❗️Струмичката болница не ги исполнува стандарддите и не е во националната скрининг програма, единствен центар за цел Исток е Штип

❗️Немањето доволно специјалисти по радиологија во оваа и низа други установи уште еднаш ја потврдува долгогодишната лоша кадрова политика и неводење грижа за еден од трите столба на здравствениот систем,а тоа е човечкиот потенцијал

❗Затоа и се потешко како во Струмица, така и во цела Македонија се стигнува до здравствена услуга.

#Важно е да има доволно радиолози во сите болници и

#Важно е да се набавува нова опрема за превентивни прегледи.

#ВажноЕДаБидемеЗдрави“, стои во нивниот пост на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.