Кај речиси третина (32 од 100) лица, постари од 65 години, кои во 2020 година се заразиле со Ковид-19, се развил барем еден нов или траен здравствен проблем, за кој имало потреба од лекарска помош во месеците на оздравување, по почетната инфекција. Тоа е за 11 повеќе, во споредба со оние кои не заболеле од Ковид-19, се наведува во американска студија, објавена во Бритиш медикал џурнал (British Medical Journal).
Тоа се однесува на состојбата поврзана со главните телесни органи и состави, меѓу нив и срце, бубрези, бели дробови и црн дроб, како и на компликации со менталното здравје.
Истражувањето е спроведено од американски научници врз околу 133.000 Американци постари од 65 години, а заразени со коронавирус во 2020 година, како и на речиси ист број лица, кои немале Ковид-19, од таа возрасна група.
Студијата за зачестеноста и сериозноста на последиците (нови здравствени состојби), по инфекција од Ковид-19, меѓу постарите од 65 години, покажува дека речиси секој трет пациент, кој заболел од Ковид-19, побарал лекарска помош, најмалку три недели по дијагнозата, поради нов или траен здравствен проблем, што е за 11 отсто поголема стапка од забележаната во другата група.
Во споредба со втората група од 2020 година, кај пациентите заболени од Ковид-19 имало повисок ризик од настанување низа здравствени проблеми. Меѓу нив и од респираторна инсуфициенција (дополнителни 7.55 случаи на 100 лица), замор (дополнителни 5.66 случаи на 100 лица), висок крвен притисок (дополнителни 4.43 случаи на 100 лица) и дијагнози на нарушување на менталното здравје (дополнителни 2.5 случаи на 100 лица), заклучија американските научници.
Слични наоди беа откриени и во случајот со споредбените групи од 2019 година.
Кога состојбата на пациенти заболени од коронавирус, се спореди со таа на лица претходно заразени со други вируси, како на пример, грип, се покажа дека новите здравствени проблеми со респираторна инсуфициенција, деменција, замор, се почести по заболување од Ковид-19.
Бидејќи станува збор за опсервациска студија, не е можно да се утврди точната причина. Истражувачите признаваат и делумни ограничувања во истражувањето, како можноста дека некои дијагнози, можеби не се последица на нови здравствени проблеми, предизвикани од зараза со Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.