По 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Оттаму информираат дека тој е роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испратиле со телесна тежина од 2110 грама.
На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа. На неговите родители им благодариме за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон, велат од ГАК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.