Синди Крафорд може да засени и двојно помлади жени со својот изглед. Во една пригода, славната манекенка открила како се ослободува од несаканите сантиметри и вишок килограми. Во кризни ситуации практикува мини-диета.

Со мини-диетата гладување нема, а се состои од 5-6 оброка (појадок, ручек и вечера, плус две ужини што не смеете да ги пропуштите!). Сите оброци се во мали порции. Во спротивно, метаболизмот се забавува, а телото почнува да складира масти.

Второто правило е што целата диета мора да биде урамнотежена: 30% протеини, 40% јаглехидрати и 30% масти.

Главното јадење во оваа диета е нискокалорична супа направена од бела зелка. Ова јадење можете и би требало да го консумирате 5 пати дневно.

Супата се приготвува на вода со додаток на морков, домати, пиперка, целер, зелен грав, млад кромид и магдонос. Магдоносот го нормализира варењето и е добар диуретик. Супата не смее да содржи компир и друг зеленчук што е богат со јаглехидрати.

Покрај супа, може да додадете и свежо овошје и зеленчук, млеко (еднаш во неделата, не повеќе од 250 мл), јогурт (еднаш неделно, не повеќе од 150 мл), кафен ориз. Исто така, можете да јадете месо (пилешко или мисиркино, не повеќе од 150 г) или риба (200 г), готвена на пареа.

Пијте чиста вода без ограничувања. Исто така, дозволени се и зелен чај и црно свежо сварено кафе, без шеќер и млеко (најмногу две шолји дневно).

Во текот на диетата забранети се конзервирана храна, производи од леб и брашно, чоколадо, десерти, газирани и алкохолни пијалаци.

Понеделник: супа, свеж зеленчук (неограничено) и диететски јогурт.
Вторник: супа, свежо овошје (без ограничувања) и јогурт без масти.
Среда: супа, свеж зеленчук и овошје (без ограничувања).
Четврток: супа и варено пилешко.
Петок: супа, варено говедско или телешко.
Сабота: супа, свеж зеленчук (без ограничувања) и јогурт со ниска содржина на масти.
Недела: супа, свеж зеленчук и овошје (без ограничувања).

Извор: Убавина и здравје



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.