Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски изјави дека кај нас се уште официјално не е регистрирана подваријантата на ковид Кракен, меѓутоа многу е веројатно дека е тука. Утре се очекуваат резултати од секвенционирање на десетина примероци.
Во тек е во моментов нова рунда на секвенционирање на неколку десетина примероци. Очекуваме утре да имаме резултати од тоа секвенционирање. Не е исклучено помеѓу некои од примероците да се појави и Кракен варијантата. Добро е што сите податоци што досега ги имаме укажуваат дека повторно се работи за една варијанта која предизвикува благи симптоми и не очекуваме неговото ширење драстично да го оптерети здравствениот систем, изјави д-р Петличковски за Тема на денот на Сител телевизија.
Тој тврди дека нема простор за загриженост помеѓу граѓаните.
Според д-р Петличковски, епидемиолошката состојба во земјата е стабилна, а сезоната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели.
Се уште се движиме кон врвот, сезоната годинашаната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели, но според податоците од соседните земји, веќе се приближуваме на некое плато. Ова топло време не погодува многу за ширењето на грипот, така што можно е за скоро недела – две да го достигнеме максимумот. Притоа овој максимум не се разликува од максимумите кои години наназад просечно ги достигнуваме што значи ништо не очекувано во овој момент не се случува, изјави д-р Пеличковски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со зголемениот број лица со респираторни проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.