Хидратацијата е клучна за здравје и благосостојба. Дали во момент кога не сте чувствувале добро, сте се сетиле да се запрашате дали е можеби поради недоволен внес на вода?

Како да знаете дали пиете доволно вода и електролити? Вашето тело можеби се обидува да ви каже дека не е доволно хидрирано ако искусите некој од овие знаци.

1. Имате сува уста, кожа и лош здив

Кога губиме повеќе течности отколку што внесуваме, кожата, устата и усните обично се првите кои ги чувствуваат ефектите. Ако сте забележале сувост во устата или на лицето, веројатно сте дехидрирани и треба да внесете вода што е можно поскоро.

2. Се чувствувате уморни или чувствувате мозочна магла

Заморот и мозочната магла се два главни знаци на дехидрација, но бидејќи овие симптоми често ги толкуваме како сигнали дека ни треба зголемување на кофеинот, правиме поголема штета со дополнително дехидрирање со пијалоци кои содржат кофеин како кафе, чај и сокови.

3. Чувствувате глад меѓу оброците

Симптомите на глад и жед се толку слични што може лесно да се помешаат едни со други. Следниот пат напијте се вода и проверете дали телото навистина ви бара храна или едноставно има недостаток на течност?

4. Имате темна боја на урината

Можеби најочигледниот знак за дехидрација е темната боја на урината која треба да биде бледо жолта ако сте оптимално хидрирани.

5. Добивате многу грчеви во мускулите

Мускулните грчеви се јавуваат кога не сме соодветно хидрирани, поради нерамнотежа на електролити и намален проток на крв во мускулите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.