Директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев на социјалните мрежи упатува совети и предупредувања до граѓаните, откако временските услови многу им погодуваат на инсектите и влекачите кои стануваат поактивни, а можеби и поагресивни.

Чибишев посочува дека добива и пораки од загрижени граѓани кои се жалат дека се каснати од инсекти и дека во својата околина виделе влекачи, воглавно гуштери и змии. Докторот истакнува и дека одредени видови на змии и инсекти кои живеат на нашето поднебје ако ве каснат можат сериозно да ви го нарушат здравјето.

-Во текот на викендот на Универзитетската клиника за токсиколгија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак. Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак ,,црна вдовица“ ( Latrodectus), инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот, информира директорот на Токсикологија.

По пружената соодветна итна помош во Општа болница во Струмица и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со дежурниот доктор, пациентот бил итно транспортиран во Клиниката за токсикологија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.