Овесната каша се смета за еден од најздравите појадоци. Освен што ги чисти цревата, е идеален избор и за слабеење, поради што е составен дел од различни диети.
Таа е полна со растителни влакна и ќе ве одржува сити подолго време. Eдна студија од 2016-та година објави дека јадењето појадок направен со јаглехидрати со „бавно ослободување“, како што се овесна каша или житарки од цели трици, три часа пред вежбањето може да ви помогне да согорите повеќе маснотии.
Јадењето јаглехидрати со „бавно ослободување“ не го зголемува шеќерот во крвта толку високо како јадењето рафинирани јаглехидрати (на пример, бел леб). За возврат, нивото на инсулин не се зголемува толку високо. Бидејќи инсулинот игра улога во сигнализирањето на вашето тело да складира маснотии, намалувањето на шеќерот во крвта може да ви помогне да согорите маснотии.
РЕЦЕПТ
Состојки:
овесна каша без адитиви – само овес
1 лажица какао
1 лажица сурови лешници
2 лажици суво грозје
1 кисело јаболко (или овошје по избор: банана, боровинка, брусница)
1 лажица ленено семе (мелено)
1 лажица чиа семе
вода
1 лажица мед
Подготовка:
Измешајте ги сите суви состојки во сад, додека количината на овесна каша е по желба. Додадете топла вода и мед, потоа јаболко и измешајте сè. По 5 минути веќе можете да јадете. Овој вид на појадок ќе ве држи сити до ручек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.