Симптомите на рак на дебелото црево, од кој почина Пеле, најчесто се јавуваат кај постарите луѓе, иако можат да се појават на која било возраст
Веста дека легендарниот фудбалер Пеле по долга борба со ракот на дебелото црево ја загуби битката и почина на 82-годишна возраст ја шокираше јавноста. Имено, фудбалерот долги години се бореше со опасната болест, но за жал не успеа да се опорави.
Познато е дека ракот е една од најзлобните болести и дека лекувањето е долг и напорен процес, кој не гарантира закрепнување и добар исход. Ракот на дебелото црево е малигно заболување кое може да се појави на која било возраст, а почесто кај лица над 50 години и кај мажи. Може да биде зафатен кој било дел од дебелото црево, но почесто е во левата половина на дебелото црево.
Постојат различни симптоми кои можат да укажуваат на рак на дебелото црево, но тоа не мора да биде така. Некои од најчестите симптоми се:
Крв во столицата
Необјаснето губење на тежината
Анемија
Промени во празнењето на цревата – нов запек или дијареа
Ракот на дебелото црево се открива со колоноскопија. За време на колоноскопијата се зема примерок од ткиво и се испраќа за патолошка дијагноза. Кога дијагнозата на рак на дебелото црево е потврдена патохистолошки, неопходно е да се спроведат дополнителни дијагностички процедури:
КТ (скенер) на абдомен и мала карлица на срцето и КТ на градниот кош (или рентген на белите дробови и срцето – одлуката ќе ја донесе вашиот лекар)
Лабораториски анализи на крв и урина
Фактори на ризик за рак на дебелото црево:
Возраст: луѓето над 50 години имаат поголема веројатност да се разболат, иако болеста може да се појави на која било возраст
Генетски синдроми: фамилијарна адематозна полипоза (FAP) и наследен неполипозен карцином на дебелото црево (Линч синдром)
Рак на дебелото црево претходно третиран
Ракот на дебелото црево во семејството – ракот на дебелото црево кај родителите, браќата и сестрите или децата ги зголемува шансите за добивање на болеста
Воспалителни болести на цревата: улцеративен колитис или Кронова болест
Исхрана: премногу црвено месо и животински масти и малку житарки, овошје и зеленчук
Физичка неактивност
Долготрајно пушење
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.