Пулмологот од Србија кој работи во Словенија, Срѓан Лукиќ, на својот Твитер профил објави предупредување, а се однесува на коронавирусот за кој вели дека е „најлошиот омикрон досега“.
Сојот омикрон BA.5 станува доминантен. Се чини дека е најлошиот омикрон досега, антигенски сосема различен од варијантата BA.1, за која вакцините допрва треба да пристигнат и не знаеме колку ќе бидат ефективни против BA.5. Вирусот мутира побрзо од производството на нови вакцини, напиша Лукиќ.
Лекарите и медицинските екперти повторно повикуваат на носење маски, а еден од советите за сузбивање на новиот седми бран е да се прими четвртата доза вакцина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.