Изложбата „Од срце – за животот“ ќе биде отворена вечер од 18 часот во „Зелена оаза“ во „Ист гејт мол“. Целта е да се поттикне отворено размислување и разговор за значењето на органодонорството и трансплантацијата, се наведува во соопштението од тимот на проектот „Поддршка на системот на трансплантација“.
Најавено е изложбата да биде отворена од евроамбасадорот Дејвид Гир и националниот координатор за трансплантација Маја Мојсова Мијовска.
Во рамки на оваа средба ќе бидат доделени и наградите за најдобрите решенија на повиците за визуелни дела за дизаjнери и за средношколци, на тема – трансплантација и органодонорство, пишува во соопштението до медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.