Истражување на научниците од Универзитетот во Дуизбург-Есен (UDE) во западна Германија покажаа дека одреден ген го намалува ризикот од смрт од коронавирус за 35 проценти.
Студијата следела 1.570 пациенти на кои им бил дијагностициран вирусот помеѓу 11 март 2020 година и 30 јуни 2021 година, објавија научници од германскиот универзитет.
Петтина од пациентите кои беа испитувани починаа
13 проценти или 205 од учесниците во студијата имале само лесна форма на болеста, 760 или 48 проценти од нив биле хоспитализирани, а 292 или 19 проценти од нив завршиле на одделението за интензивна нега. Една петтина, или 313 пациенти чиј развој на болеста бил следен од истражувањето, починале.
Генот кој ја намалувал веројатноста за смрт кај некои пациенти бил наречен GNB3 TT. Станува збор за варијанта за која се проценува дека е присутна кај околу десет проценти од европското население. GNB3 е ген кој ги декодира таканаречените G-протеини, важни за голем број процеси во телото.
Генот предизвикува активирање на имунолошките клетки
Студијата исто така покажа дека генот GNB3 предизвикува активирање на имунолошките клетки, изјави една од авторките на студијата, Бирте Мелендик. Овој побрз имунолошки одговор може да објасни зошто ризикот од смрт е многу помал за групата луѓе кои го носат овој ген, објасни Мелендик.
Студијата ја потврди претпоставката дека помладата возраст и отсуството на хронични здравствени проблеми, како што е дијабетесот, значително ги зголемуваат шансите поединецот да преживее инфекција со коронавирус. Студијата, чии резултати беа објавени во стручното списание Frontiers in Genetics, не го следеше однесувањето на варијантата омикрон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.