Од следната учебна година Хрватска ќе воведе скрининг кај училишните деца за фамилијарна хиперхолестеролемија, со што ќе биде меѓу првите земји со ваков скрининг кој го открива зголемениот кардиоваскуларен ризик за децата, но и за нивните најблиски роднини.

На систематскиот преглед за упис во прво одделение во основно училиште ќе се додаде уште еден наод, а тоа е вкупната вредност на холестеролот во крвта“, изјави за Хина академик Давор Миличиќ, претседател на Хрватското кардиолошко друштво.

Наследна, т.н. фамилијарна хиперхолестеролемија подразбира изложеност на патолошки високи концентрации на атероген холестерол уште од раното детство, и затоа пациентите со оваа метаболичка болест имаат десеткратно поголем ризик од предвремени кардиоваскуларни проблеми.

Миличиќ посочува дека ова е многу важен национален проект кој ќе го подобри кардиоваскуларното здравје на многу семејства и ќе спаси многу животи во догледна иднина. Со оглед на тоа што во прво одделение се запишани во просек околу 30.000 деца, се очекува дека ова нарушување би можело да биде дијагностицирано на околу сто деца во една генерација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.