Од 30 август до 5 септември, бројот на нови заболени од голема кашлица во споредба со претходниот седумдневен период, е зголемен за 47 отсто. Во новиот извештај на институтот за јавно здравје стои дека најголем дел од случаите се од Скопје, а пријавени се и во Тетово, Кратово, Куманово и Крива Паланка.

Возраста на заболените се движи од еден месец до 60 години, а најголем број случаи се од возрасната група под една година и тоа осум. Заклучно со 5 септември, во земјава се регистрирани вкупно 1.074 случаи на голема кашлица. Тоа претставува неколку кратно зголемување во однос на изминатиот петгодишен период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.