Од понеделник, 16 септември, во аптеките ќе бидат достапни деветте нови лекови кои се на позитивната листа, соопштија денеска министерот за здравство Арбен Таравари и премиерот Христијан Мицкоски.
Во овие девет лекови има лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција.
Денеска во Владата се одржа настанот „Предизвици и можности во процесот на проширување на листата на лекови кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување“ на која министерот Таравари кажа дека се подготвува платформа со Светската здравствена организаицја (СЗО) која ќе обезбеди транспарертност на целиот процес за идното проширување на позитивната листа.
Ќе имаме препораки од СЗО, но и од ескпертите во државата. Ние би сакале следото проширување да биде што потранспартено и што посепофатно, изјави министерот Таравари.
Според Таравари, на новата проширена позитивна листа има лекови што најмногу им се потребни на граѓаните со што би ги намалиле трошоците.
Мислам дека Комисијата релативно добро работеше ќе седнеме да разговараме со нив и да ги избереме лековите кои се најпотребни. Не сакам да ветувам уште колку лекови, но се надевам дека на 3, 4 месеци ќе имаме надополнување од 1, 2, 3 лека. Се надевам дека следното проширување ќе биде после Нова година, рече Таравари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.