Младиот кромид содржи витамини и минерали, фолна киселина, железо, хранливи влакна и хранливи материи. Благодарение на неговиот уникатен состав, тој може да ги намали воспаленјата во телото и го зајакнува имунитетот. Лекарите го препорачуваат за многу болести.

Кромитчето, исто така, помага да се намали внесот на сол во телото.

Но, како што објаснува нутриционистката Наталија Нефедоца за „Спутик“, не секој може да го поднесе, и тоа не само поради мирисот што после излегува од устата.

Малку или воопошто не треба да јадете млад кромид ако имате чувствителен стомак или желудник, ако страдате од гастритис или имате киселини. Како и да е, тоа не значи дека воопшто не треба да се јаде, но неопходно е да се внесат онолку колку што му годи на вашиот организам, вели Нефедова.

Таа советува и дека за да останет свеж и да не ги изгуби своите корисни својства, неопходно е младиот кромид да се чува во фрижидер и тоа стебленцата да не се прилепени едно до друго, за да се избегне гниењето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.