Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово беше во посета на Општата болница Велес по повод набавка на нова медицинска опрема за установата.

Денеска сме во посета на Општата болница во Велес по повод набавка на нова медицинска опрема. Станува збор за нов апарат за анестезија набавен од Министерството за здравство во вредност од 4 милиони денари. Овој апарат којшто веќе е поставен во операционата сала е потребен за подобро функционирање на одделот за анестезија.

фото: Министерство за здравство

Исто така, набавивме и нов респиратор со средства од Министерството во износ од три ипол милиони денари, рече Меџити.

Министерот кажа дека двојно е зголемен буџетот за оваа намена од 2,6 на 5 милиони евра и во повеќе од 15 здравствени установи се обезбедени нова и современа опрема.

фото: Министерство за здравство


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.