Лековите од групата НСАИЛ (нестероидни антиинфламаторни лекови) ја отстрануваат болката и ја намалуваат покачената телесна температура.
По правило, тие се достапни без рецепт. Сето тоа ги прави едни од најчесто користените лекови. Меѓутоа, тие директно удираат во желудникот и цревата…
Митови за аналгетиците
Употребата на НСАИЛ му штети само на желудникот.
Вистина е дека се оштетува слузницата на сите делови на гастроинтестиналниот тракт: хранопроводот, желудникот и цревата.
Агресивни се само таблетите, а инјекциите и чепчињата, практично, не се штетни.
Патот на внесување на лекот во организмот нема никакво значење, затоа што таблетите не ја оштетуваат слузницата, туку механизмот на нивното дејство.
МЕХАНИЗАМ НА ОШТЕТУВАЊЕ
Како противтежа на кој било фактор на агресија, природата на слузницата ѝ дала заштитни фактори: лачење слуз, простагландини и бикарбонати, како и зголемена микроциркулација. Ако факторите на заштита и агресија се урамнотежени, ништо не се случува. Ако сепак преовладуваат штетните фактори, слузницата се оштетува.
Лековите од групата НСАИЛ предизвикуваат изразена неурамнотеженост на овие фактори. Веќе по една недела од примената може да дојде до акутен ерозивен гастритис. При подолго користење, ќе се појават чиреви. Потсетувам дека цревата страдаат исто колку и желудникот! Колопатијата, можна последица на нестероидни противвоспалителни лекови, често се меша со улцерозен колитис.
СИМПТОМИ
Понекогаш воопшто нема симптоми на оштетување. Затоа, доколку сте во ризичната група на компликации предизвикани од земање аналгетици, повремено направете гастроскопија заради утврдување присуство на хеликобактер и анализа на столицата за окултно крвавење.
Најчест симптом на оштетување на желудникот е болка на десната страна на стомакот, која се засилува по јадење. Ако се зафатени цревата, може да се јават болки во целиот стомак, кои по правило се намалуваат по празнењето или испуштањето гасови, а чест симптом е и течната столица. Оштетувањето на хранопроводот најчесто се манифестира со симптоми на рефлуксна болест (ждригавица, болка во хранопроводот при голтање храна).
ЗАШТИТА
Препаратите базирани на ребамипид (гастропротективни лекови) го подобруваат создавањето сопствени заштитни фактори, минимизирајќи ги несаканите нуспојави, и максимално ја одржуваат целокупноста на слузницата.
Фактори што ја одредуваат неповолната прогноза:
* тешки истовремени заболувања;
* возраст над 60 години;
* присуство на ерозивно-улцерозни промени пред употреба на НСАИЛ;
* долготрајна употреба на аналгетици и антиагреганти/антикоагуланти;
* присуство на инфекција со хеликобактер (во случај на потреба од долготрајна употреба на НСАИЛ, во отсуство на контраиндикации, се спроведува терапија насочена кон уништување на оваа бактерија).
Важно! Никогаш не користете НСАИЛ за ублажување на стомачната болка, дури и ако страдате од неа. Подобро е да се земе спазмолитик (лек против грчеви).
Ако употребата на НСАИЛ се сведе на минимум (една таблета месечно), ризиците се незначителни. При честа употреба, консултирајте се со лекар за совет. Најдобрата опција е ако тој избере лек што не влијае на состојбата на вашиот гастроинтестинален тракт.
Советува за „Руски доктор“: Вероника Корнилова, гастроентеролог
Преземено од Убавина и Здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.