Ладното не е опасно само за грлото туку и за слузницата на желудникот, бидејќи може да предизвика дијареја
Кога пиете ладно млеко, го ладите грлото побрзо отколку кога пиете исто количество ладна вода. Тоа е поврзано со високиот топлински капацитет на млечната маст, која го лади грлото повеќе од другите ладни пијалаци. Затоа никогаш не избирајте млеко како пијалак за разладување!
Зошто се јавува болка во грлото? Ако за време на настинка во организмот навлезат вируси или бактерии, поради послабиот локален имунитет тие почнуваат активно да се размножуваат на слузницата на грлото. Микроорганизмите што ја освоиле слузницата доведуваат до воспаление, болка, гребење, горење. Во тој случај, неопходно е да се борите со бактериската флора.
За плакнење на грлото може да се користи тинктура од невен. Помешајте лажица фармацевтска тинктура во половина чаша топла вода, па со тоа плакнете го грлото два-три пати на ден. Курата трае сѐ додека се подобри состојбата. Исто така може да се користи и аптекарска тинктура од прополис или еукалиптус.
Ако грлото е чувствително, треба да се „зајакне“. Наједноставниот начин да го направите тоа е да го исплакнете со ладна вода. Постапката правете ја двапати на ден по јадење. Започнете со удобна температура од околу 25°Ц и постепено намалувајте ја за 1-2°Ц секој ден додека стигнете до 19°Ц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.