Научници целосно го дешифрирале мистериозниот хромозом присутен кај мажите, што може да помогне во истражувањето на машката неплодност. Ова е важен чекор напред во разбирањето на човечкиот геном, пренесува „Ројтерс“. Истражувачите ја откриле првата комплетна секвенца на човечкиот хромозом Y, кој е еден од двата хромозома и обично се пренесува од машкиот родител на машкото потомство.

Гените на хромозомот Y помагаат во управувањето со клучните репродуктивни функции, вклучувајќи и производството на сперма, па дури и се вмешани и во ризикот и сериозноста на ракот.

За ова би сакал да им се заблагодарам на новите технологии за секвенционирање и пресметковни методи, вели Аранг Рије, научник од Националниот институт за истражување на човечкиот геном на САД и главен автор на студијата.

Тој додава дека научниците сега, за првпат имаат пристап до целосен приказ на кодот на хромозомот Y.

Откривме повеќе од 50 проценти од должината на хромозомот што претходно недостигаше на нашите геномски мапи, вели Рије.

Истражувањето ги открило карактеристиките на медицински релевантните региони на хромозомот Y, вклучувајќи и дел од ДНК што содржи неколку гени вклучени во производството на сперма.

Новото и поцелосно разбирање на хромозомските гени ќе има практична примена во истражувањето на неплодноста, велат истражувачите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.