Дали одредени видови храна или додатоци во исхраната можат да го зајакнат имунолошкиот систем и да помогнат да се постигне оваа цел? Одговорот го дадоа експертите на светски познатата клиника „Мejo“.
Додека здравиот имунолошки систем е предност за време на сезоната на настинки и грип, земете ги предвид овие совети за да го одржите силен и стабилен во текот на целата година.
Фокусирајте се на балансирана исхрана
Не прескокнувајте оброци за да му дадете доволно „гориво“ на вашето тело. Целете кон пет до девет порции со зеленчук и овошје дневно за да го внесете потребните витамини, минерали и антиоксиданти за зајакнување на имунитетот.
Порција овошје содржи средно парче свежо овошје, една чаша бобинки или диња или 1/2 чаша конзервирано овошје во сопствениот сок.
Порција зеленчук содржи 1/2 чаша варен или една чаша сиров зеленчук. Секогаш е најдобро овие хранливи материи да се добиваат од храна, наместо од витамински или минерални додатоци.
И не заборавајте да пиете доволно течности во текот на денот. Обичната вода е најдобра.
Спречете го ширењето на бактериите
Добрата хигиена и миењето на рацете помагаат да се спречи ширењето на бактериите. Не заборавајте да ги измиете производите пред да јадете или да ги користете при готвењето. Исчистете ги и чашите, вилушките, лажиците и другите садови за да го намалите ширењето и растот на бактериите.
Зголемете го спиењето, намалете го стресот
Соодветниот сон и управувањето со стресот може да бидат исто толку важни како и здравата исхрана за превенција од грип. Истражувањата покажуваат дека недостатокот на сон и зголемениот стрес придонесуваат за болести и лоша здравствена состојба воопшто.
Возрасните треба да спијат седум до девет часа дневно, додека на децата им требаат од осум до 14 часа, во зависност од нивната возраст.
Здравите начини за справување со стресот вклучуваат медитација, слушање музика или пишување дневник.
Физичката активност е уште една стратегија за управување со стресот и може да го намали ризикот од некои хронични болести кои можат да го ослабат вашиот имунолошки систем.
Дури и ако се храните здраво, доволно се одмарате, пиете доволно течности и управувате со стресот, сепак може да добиете грип. Но, дури и да дојде до тоа, вашата болест веројатно нема да трае толку долго и нема да се чувствувате толку лошо.
Изберете хранливи состојки за посилен имунитет
Овие хранливи материи играат исклучително важна улога во здравјето на имунитетот:
Бета каротен
Бета каротенот се наоѓа во растителната храна, како што се слаткиот компир, спанаќот, морковот, мангото, брокулата и доматите.
Витамин Ц
Храната богата со витамин Ц вклучува агруми, бобинки, дињи, домати, пиперки и брокула.
Витамин Д
Витаминот Д се наоѓа во масните риби и јајцата. Млекото и 100 отсто соковите збогатени со витамин Д се, исто така, добри извори.
Цинк
Цинкот подобро се апсорбира од храна како говедско месо и морска храна, но исто така се наоѓа во растителни извори, вклучувајќи пченични никулци, грав, јаткасти плодови и тофу.
Пробиотици
Пробиотиците се добри бактерии кои го подобруваат здравјето. Ќе ги најдете во култивирани млечни производи, како јогурт, и во ферментирана храна, како кефир.
Протеини
Протеините доаѓаат од животински и растителни извори, вклучувајќи млеко, јогурт, јајца, говедско месо, пилешко, морска храна, јаткасти плодови, семиња, грав и леќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.