Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки.
Во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика. Сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) преку соопштение испратено до медиумите алармираше дека се појавува недостиг од „оземпик“ и „рибелсус“, терапија која им е потребна за регулирање на шеќерот во крвта. Тие поставиле прашање до Министерството за здравство, но не се задоволни од одговорот и бараат оттаму транспарентно да делувааат и навремено да имаат информации за тековниот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.