Д-р Воислав Перишиќ споделува совети како да се справите со најчестата болест што се фаќа за време на летувањето, а тоа е стомачниот вирус. Според него може да се избегнат непријатните болки во стомакот, дијареата и повраќањето.

Три дена пред да тргнете на пат, пијте пробиотик. Може да е од оној стандардниот, но во мега доза. Имате неколку мега дози: 20 милијарди по капсула или кесичка, 35 милијарди и 55 милијарди. Дефинитивно би ве советувал ако одите во земја со висок ризик, да ја земете  ултрасилната доза од 55 милијарди. Ентерофурил, антибактериско и антивирусно хемиско соединение кое не се апсорбира, а кое има многу висока концентрација во нашите цревни сокови, па кога ќе навлезат бактерии, нема способност да навлезе во ѕидот, туку се уништува. Треба да се земе пред да се оди во земји со висок ризик, рече професорот Воислав Перишиќ во една прилика кога гостуваше на емисија „Јутро“ на ТВ Прва.

Тој објаснува и што да се прави ако се појават здравствени проблеми.

Многумина сега ќе ме стават во топ, како што се вели. Ми ѕвонат пријатели од Грција: „Стигнавме таму, денес имаме пет дијареи и сите нè боли стомакот, што да правиме? Има и мала температура“. Јас велам – земи антибиотик (антибиотик од втора генерација флуорокинолонски антибиотици), тоа се таблети што ги убиваат сите ентерални патогени и сe пијат по две по 12 часа. По третата доза, се колнам во Бога, поминува. Тоа е терапија и за возрасни и деца, вели докторот.

Што да направите за да избегнете инфекција?

  • Мијте ги рацете што е можно почесто
  • Пијте флаширана вода, никогаш од чешма
  • Овошјето добро измијте го пред консумирање
  • Јадете само во проверени ресторани со високи хигиенски стандарди.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.