Есента е период на многу вируси, меѓу кои чести се и стомачните.

Лекарот по општа медицина д-р Бојан Трајковски, на својот Фејсбук профил, објави кои симптоми се појавуваат при стомачниот вирус и нагласи дека го има застапено во поголем број. Тој им порача на граѓаните и што да преземат во случај да имаат појава на симптомите.

Симптомите се многу силни стомачни болки, грчеви страшни, силна треска, температура до кај 39, честа дијареа, нагони на повраќање…Нема што нема од симптоми! Влезе ли у фамилија ги проаѓа сите, вели Трајковски.

Како што препорачува докторот, треба да се изолирате и да пиете повеќе течности, како и лесна храна.

Изолирајте се, течности што повеќе, лесна храна, пробиотици уште од сега, спазмолитици по потреба, антипиретици и во крајна нужда и инфузиона терапија. Држи неколку дена па затоа трпение, одмарање и без паники!, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.