Светската здравствена организација (СЗО) побара од Кина повеќе информации за недијагностицирана пневмонија која наводно се шири меѓу децата во северниот дел на земјата и ги повика кинеските здравствени власти да преземат мерки за намалување на преносот на болеста.
Независните кинески медиуми објавија дека детските болници во делови од земјата наводно се полни со болни деца.
Кинеските власти го припишуваат наглото зголемување на болестите слични на грип на укинувањето на мерките против коронавирусот, објави Би-Би-Си.
Во северна Кина, забележано е зголемување на случаите на симптоми слични на грип од октомври во споредба со истиот период во изминатите три години.
Кинеските власти минатата недела објавија дека има зголемување на респираторните заболувања низ целата земја – особено грип, корона, микоплазма пневмонија, честа бактериска инфекција што ги погодува малите деца и респираторниот синцицијален вирус (РСВ).
Други земји, вклучувајќи ги Велика Британија и САД, забележаа сличен пораст на болести слични на грип по укинувањето на мерките против коронавирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.