Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска информираше дека следната недела лекот „трикафта“ ќе биде доделен на пациентите.
Лекот ќе биде доделен на 12 пациенти. За нив ќе има уште за два месеци и ќе го продолжиме, тоа подразбира до април месец ќе ја има сигурно терапијата, а за другите пациенти ќе ги вклучиме во согласност со сите критериуми што се дадени од експертите на детска клиника. Со одлука на Влада, за 2024 и за 2025 се одвоени 854 милиони денари, со што го имаме решено системски не само овој проблем, туку и сите проблематични импликации што ќе се појавуваат во здравството“, рече Меџити.
Меџити кажа дека не е точно оти лекот „трикафта“ е поскашен за 250 илјади денари по пациент.
Министерство за здравство, Фондот за здравствено осигурување и јавните набавки дале согласност до Клиниката за детски болести да ја изврши целокупната набавка за да се добие на време, да биде од итност и побрзо, додаде Меџити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.