Постоечкиот мамограф во Неготино е докомплетиран со нова работна станица и ставен во функција. За ова денеска информираа од Јавната здравствена установа Здравствен дом Неготино. Оттаму соопштија дека населението од општините Неготино и Демир Капија, како и другите соседни општини, здравствените услуги на мамографот може да ги користи, преку системот „Мој термин“.

Истовремено изразуваме благодарност до пратеничката Лолита Ристова, како и до сите други пратеници во Собранието на РСМ кои дадоа поддршка на нашето барање и преку Владата на РСМ ги обезбедија потребните парични средства за оваа набавка, којашто беше спроведена преку Министерството за здравство, нагласија од Здравствен дом Неготино.

Станува збор за мамограф донација од бугарската амбасада, којшто во моментов е докомплетиран. Докомплетирањето за подобра здравствена услуга, чини дваесет илјади евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.