Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) вели дека вирусот на мајмунски сипаници не се шири лесно и дека ризикот од инфекција во земјата е многу низок. Најмногу случаи на инфекција досега се регистрирани кај мажи кои се хомосексуалци, бисексуалци или кои имаат секс со други мажи.
Иако мајмунските сипаници не се сексуално пренослива болест, може да се пренесат преку директен контакт при сексуален однос. Тие, исто така, може да се шират преку употреба на облека, постелнина или крпи што ги користело заразеното лице, со допирање на лезиите или со пренос на телесни течности.
УКХСА ги предупредува граѓаните да внимаваат на појава на невообичаен осип или лезии на било кој дел од телото, особено на гениталиите и да се обратат до надлежните служби доколку забележат евентуални симптоми, пишува Би-Би-Си.
Сите претходни случаи откриени во Велика Британија се регистрирани во Англија, најмногу во Лондон. Градските власти велат дека работат на план за набавка на лекови во случај на дополнително зголемување на бројот на заразени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.