Магнетната резонанца се уште не работи во Клиничка болница, се чека на сервисорот да го обезбеди делот, по што ќе почне и нејзиното сервисирање, а компјутерскиот томограф кој секојдневно е оптоварен од страна на пациентите веќе треба да се сервисира. Директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеорѓијев вели дека проблемот со дефектите на овие два големи и сензитивни апарати е тоа што секојдневно се користат десет или дванаесет години.

Овие апарти интензивно се користат, а вториот поголем од проблемот е што многу се користат овие апарати, еве и за јавноста ќе кажам компјутерската томографија е максимално оптеретена, се случува да имаме по 60-70 томографии во денот, од коишто во најголем дел имаме негативни наоди на тие компјутерски томографии, вели Ѓеорѓијев.

Тој апелира до матичните лекари да не ги прескокнуваат специјалистите во Клиничка болница-Штип, кои треба да дадат точна дијагноза, но и да утврдат дали пациентите треба да одат на компјутерски томограф или резонанца. Праксата покажува дека матичните лекари директно на пациентите им даваат итни упати за компјутерски томограф и магнетната резонанца.

Првобитно пациентите треба да бидат упатени кај специјалистите во Клиничка болница-Штип. Тие да бидат оние коишто ќе ја утврдат индикацијата, дали треба да се прави компјутерски томограф и да во моментот кога тие слободни прегледи, термини ги ставиме во системот „Мој термин“ да не бидат беспотребно зафатени, бидејќи понекогаш се случува и дел од тие термини бидат зафатени се случува многу бргу во рок од 15 до 20 минути сите термини за цел месеци да бидат зафатени за компјутер, со што создава нервози, кај оние што реално имаат потреба да направат томографија, вели Ѓеорѓијев.

Забележа дека мора да се има предвид дека треба да се заштитат и вработените кои работат на овие апарати. Прашан која е оптиминалната бројка за снимање на компјутрскиот томограф, Ѓеорѓијев вели дека тоа било околу 20, а секојдневно се прават од 60 до 70 снимки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.