Лекарската комора на Македонија денеска организираше свеченост по повод одбележување на 100. роденден на д-р Никола Стојановски, познат педијатар кој целиот свој работен век посветено, стручно и одговорно се грижел за здравјето на голем број пациенти.
Прим. д-р Стојановски е и признат учесник во НОБ.
Прим. д-р Никола Стојановски е роден во 1923 година во селото Скачинци, Велешко. Тој завршил Медицински факултет во Белград, а специјализирал педијатрија. Речиси целиот работен век бил педијатар и директор на Општата болницата во Велес. Исто така ја извршувал и функцијата пратеник во првиот парламентарен состав на независна Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.