Леканемаб, лек за кој е откриено дека ја забавува Алцхајмеровата болест, денеска треба да добие зелено светло за употреба во Велика Британија, пишува Телеграф, а пренесува 24сата.

Тоа е првиот лек за кој е откриено дека го забавува когнитивниот пад до 27 отсто, а во четврток британскиот регулатор треба да даде дозвола тој да се користи во раниот третман на болеста.

Експертите се надеваат дека ова ќе биде огромен чекор во запирање на болеста.

Инаку, ЕМА, Европската агенција за лекови, минатиот месец одби да даде лиценца за лекот.

Утврдиле дека потенцијалните несакани ефекти (вклучувајќи потенцијално крварење во мозокот) ги надминуваат ефектите на лекот, пишува Би-Би-Си.

Леканемаб го произведува јапонската компанија Еисаи, а лекот се зема на секои две недели преку интравенско капнување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.