Речиси секое семејство денес користи леб, но мораме да ви откриеме една тајна: комбинацијата на шеќер и квасец, која се користи за приготвување на речиси секој леб и пециво, е отровен.
Што има во квасецот
Тестовите потврдија дека белилото што се додава во прашокот за пециво било тестирано со многу сомнителни методи за да се направи бело и брашнесто. За жал, прашокот за пециво третиран на овој начин може да доведе до развој на разни болести, пишува „Econet.ru“.
Дури и да земете чист пекарски квасец, нема да направите многу за вашето здравје, а еве зошто: штом квасецот влезе во телото, процесот на ферментација започнува во цревата, здравата микрофлора умира, имунитетот се намалува, во цревата се формира кандидијаза и може да се појави дисбактериоза.
Квасецот може да го „закисели“ телото, што придонесува за акумулација на токсини и можност за рак. Квасецот не умира на високи температури и ја покажува својата најлоша страна само во човечкото тело. Многумина од нас кои месат леб и колачи знаат дека квасецот се активира со помош на шеќер. Квасецот се храни со шеќер. Од ова произлегува „зависноста од слатки“ од која страдаат се повеќе луѓе во современото општество.
Колку повеќе колачи јадеме, толку повеќе сакаме да ги јадеме. Со текот на времето се дебелееме, кожата старее, телото се влошува… Последицата од конзумирањето на оваа формула: квасец+шеќер=тесто и слатки, доведува до замор, промени во расположението, проблеми со цревата (надуеност, запек, гасови, дијареа) , алергии, колитис итн.
Лебот може да се направи без употреба на квасец. Важно е да се напомене дека постои вистински, оригинален квасец кој не ги содржи сите овие дополнителни компоненти кои ги има квасецот кој ни е достапен секојдневно. За да одредите дали имате слатка зависност – предизвикана од комбинација на квасец и шеќер – проверете ја оваа листа:
– хронично блокиран нос;
– синдром на нервозно дебело црево (надуеност, гасови, дијареа, запек);
– хроничен замор;
– чести габични инфекции;
– честа кашлица;
– мозолчиња;
– алергии на храна.
Доколку имате барем два од седумте понудени одговори, можете да се сметате за личност која претера со внесувањето на квасецот во организмот. Веројатно јадете премногу слатки, колачи и пекарски производи. Значи, бидејќи квасецот се храни со шеќер, за да се ослободите од слатката зависност, треба да постите најмалку 21 ден.
Што значи? Имено, во текот на 21 ден не смеете да јадете слатки, колачи, леб со квасец, ниту било каква преработена храна. Кога ќе го исфрлите квасецот од вашето тело, имунитетот значително ќе се подобри, а за поддршка на имунитетот, се препорачува да пиете повеќе чај со лимон и ѓумбир.
Како да престанеме да јадеме производи од квасец и шеќер.
1. Јадете бесквасен леб (старомоден бесквасен леб и колачи).
2. Обидете се да не внесувате шеќер во организмот 21 ден за да се ослободите од зависноста од слатки.
3. Гледајте како вашата кожа се подобрува, како буквално станувате помлади од ден на ден и тоа нека ви биде мотив да престанете да ја внесувате оваа нездрава комбинација во вашето тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.