Фирмата е сериозна компанија и професионална за оваа работа. Според нив за околу четири месеци, целиот зафат ќе биде завршен, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари за „Винора“, фирма која е одбрана за одржување на омпресорскиот систем на хируршките клиники во Скопје.

Таравари утринава беше во посета на Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација – Скопје.

Вчера нинистерството за здравство соопшти дека ja одбрало компанија „Винора“ ДООЕЛ од Скопје да го поставува компресорскиот систем на хируршките клиники во Скопје.

Во штурото соопштение кое го испрати Министерството за здравство не пишува за што е избрана оваа фирма, ниту пак е наведено за која сума компанијата ќе ја прави инсталацјата и монтажата на опремата.

Министерството за здравство информира дека е донесена Одлука за избор на најповолна понуда. Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од 4 (четири) месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот оглас“, се вели во соопштението од МЗ.

Таравари денеска на новинарско прашање одговори дека очекува целиот зафат да биде готов за четири месеци. Околу постапката за потпишување на договорот и периодот на жалба тој посочи дека договорот е потпишан и процесот се спроведувал по брза постапка.

Не знам дали би се жалел некој што не се пријавил на три повици. И ако се жалат, мислам дека тоа не е добронамерно, рече Таравари.

Околу изборот на лице-менаџер кое би раководело по спојувањето на универзитетските клиники и можноста тоа да биде Игор Николов на новинарско прашање дали е добар избор и колку советници ќе има, министерот појасни дека тој не го споменал како избор и дека било рано за назначување на директор.

Јас не го кажав, ме прашаа дали може да биде еден од кандидатите, но може да има и други кандидати. Ние сè уште сме во процес на реорганизација, тоа ни е поважно, отколку тоа кој ќе биде директор. Кога ќе дојде време за директор, тогаш ќе зборуваме за тоа, истакна Таравари.

По прозивките околу надлежноста за поправка на оградата и потпрониот ѕид, Таравари нагласи дека во тек процедура за утврдување на надлежноста, но искажа подготвеност да се санира и изгради нов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.