Што е дијабетес?

Дијабетесот, или формално дијабетес малитус е хронично заболување на метаболизмот, кое се карактеризира со покачени нивоа на гликозата, шеќерот во крвта на гладно > 7,0 ммол/Л или на ниво на гликоза мерена два часа по тестот за толеранција на гликоза тестот плазматска гликоза > 11,0 ммол/Л. Едноставно кажано тоа е заболување кај кое организмот не е способен за навремена дистрибуција на шеќерот во клетките, поради што тој се задржува во циркулацијата подолго време, а токму таа состојба е причина за појава на многу симптоми и развој на сериозни здравствени последици од оваа болест.

Зошто е важно да се открие рано!

Дијабетесот е многу подмолна болест бидејки не секогаш симптомите на нарушената регулација на гликозата се јавуваат веднаш. Кога се јавува хипергликемија – покачени нивоа при кои гликозата стои во крвните садови таа создава таканаречени гликациски продукти, или слободни радикали – молекули кои ги оштетуваат клетките од внатрешната обвивка на крвните садови, што со текот на времето може да прогресира и дури и без свесност на човекот да биде причина за појава на ретинопатија (оштетени садови во ретината во окото), нефропатија (оштетување на клетките и функцијата на бубрезите), невропатија (оштетување на периферните нерви), како и да доведе до појава на инферкт или мозочен удар. Исто така, подеднакво опасна може да биде и симптомот на хипогликемија или наглото паѓање на шеќерот кое може да се јави кај овие лица кое може да предизвика дури и кома и смрт. Поради овие причини раното откривање на болеста, со цел да се спречи појавата на овие симптоми и последици и да се обезбеди добра регулација и контрола е исклучително важна.

Видови дијабетес

  • Дијабетес тип 1 – или инсулинско зависен тип, при кој како последица на автоимуни реакции доаѓа до оштетување на панкреасот кој престанува да создава инсулин, неопходен за дистрибуција на шеќерот од крвта во клетките. Се јавува вообичаено во детството или помладите години, а овие лица мораа целиот свој живот да земаат инсулин како терапија.
  • Дијабетес тип 2 – или состојба на инсулинска резистенција при која панкреасот создава доволно инсулин но поради оштетување на инсулинските рецептори, клеточните мембрани и намалена чувствителност на инсулинот тој тешко и помалку овозможува внесување на шеќерот во клетките. Оваа состојба често е поврзана и со хиперинсулинемија при која телото постојано создава големи количини инсулин кои и покрај тоа не успеваат ефикасно да го дистрибуираат шеќерот во клетките.
  • Гестациски – ендокрино пореметување кое се јавува релативно често за време на бременоста, вообичаено по породувањето самостојно се регулира но претставува голем ризик фактор за појава на тип 2 подоцна во животот.

Голем број лица имаат и таканаречана состојба на пред-дијабетес, гранично  пореметување на нивоата на шеќер, чести флуктации па нормализирања на шеќерот што е индикатор за нарушена регулација и без соодветни прмомени во животниот стил и исхраната лесно може да прогресира во дијабетес тип 2.

Препознавање на раните симптоми

Знаејки ги можните последици на дијабетесот по здравјто, препознавањето на раните симптоми и навременото откривање на болеста е исклучително важно за нејзин ефикасен третман и контрола. Постојат повеќе рани како:

  • Физички манифестации
    o Прекумерна жед и мокрење – задршката на шеќерот во телото ја дренира течноста од ткивата и придонесува за поголемо губење на течности од телото поради што се јавува симптом како постојана жед и зачестено мокрење.
    o Необјаснето губење на тежината – клетките во телото не добиваат шеќер гликоза за енергија и мораат да го трошат масните резерви поради што телото доаѓа до симптомот на несакана појава на намалување на тежината.
    o Глад и замор – заради недостаток на гликоза во клетките не создаваат енергија поради што се јавува замор, а мозокот сигнализира постојан глад. Исто така и високите нивоа на инсулинот кој постојано се создава со цел да го намали шеќерот дава сигнали на хормонот за глад грелин кој во мозокот сигнализира дека сме гладни.
    o Заматен вид – оштетувањето на клетките во ретината во окото од покачениот шеќер може да се јави релативно рано и како последица на тоа симптомот на заматување на видот.
    o Бавно зараснување на раните – вишокот на гликоза во крвотокот ја зголемува густината на крвта, што ја успорува циркулацијата и движењето на белите крвни клетки кои се одговорни за побрзо и ефикасно зацелување на раните.
  • Психолошки и бихејвиорални показатели
    o Промени во расположението, раздразливост и анксиозност – постојаните промени на нивото на шеќер во крвта е причина и за промени на расположението и појава на анксиозност. „Гладувањето“ на мозокот за гликоза, т.е неможноста ефикасно да ја искористи гликозата за енергија на мозочните клетки создава сигнали односно симптоми како стрес и вознемиреност што сериозно влијаат на расположението.

Како може да ескалираат почетните симптоми?

Манифестацијата на физичките или психичките симптоми се е најава за посериозни оштетувања на клетките во крвните садови, пред се на деликатните крвни садови во очите, бубрезите, но и големите артерии во срцето или мозокот што е ризик за сериозно ескалирање на состојбата и појава на трајни оштетувања на сите овие органи. Лицата со нерегулиран дијабетес имаат најголем ризик од добивање на инфаркт на срцето и мозочен удар, што за жал дури некогаш и претставува симптом после кој луѓето откриваат дека имале дијабетес.

Рано управување и превенција

  • Прилагодување на животниот стил
    Клуч за добрата регулација на шеќерот е навремено и соодветно прилагодување на начинот и стилот на живот. Тоа значи сериозно внимавање на исхраната, елиминација на слатката храна и пијалоци, бели брашна, пецива и тестенини и внес на разноврсна храна во интегрална форма, со минимално процесирање и обработка. Важно е да се внесува многу зеленчук и антиоксиданти преку внес на овошја со низок гликемиски индекс, семиња, јатки, зачини и зачински билки. Секако составен дел на промените се и примената на редовна физичка активност, особено по оброците како и активности за подобра регулација на стресот (јога, медитација и други форми на релаксација).
  • Лекови и опции за третман
    Стандардната таблетарна или инсулинска терапија не секогаш успева да го држи шеќерот под постојана контрола, поради што значајна поддршка даваат и додатоците на исхраната кои може да бидат лек за диjабетес од природата. Тие содржат внимателно одбрани растителни екстракти како што се екстрактите од горчлива диња, цимет, барберин, минералите цинк и хром, како и алфа липоичната киселина кои се и научно докажани дека помагаат во одржување на добрата контрола и регулација на шеќерот во крвта.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.