Вирусниот имунолог Лука Чичин-Шаин на телевизијата Н1 коментираше за големиот број новозаразени во Хрватска, речиси 17.000.

Многу европски земји бележат рекордни бројки. Од друга страна, по Велика Британија, Ирска и Холандија, и Данска и Австрија ги олеснуваат ограничувањата. Дали со омикрон влегуваме во фаза на поинаков пристап кон пандемијата, односно одиме ли кон имунитет на стадо?

Секоја земја има свој различен пристап, тој е легитимен бидејќи различната демографија е различна, здравствениот систем е различен, некои земји можат да си дозволат реакции што другите не можат. Во Хрватска проблемот е што населението е старо, има голем број на луѓе кои што имаат и други болести и стапката на вакцинација е прилично ниска, далеку под европскиот просек, вели тој.

Според него, ќе се стекне колективен имунитет, но тоа ќе биде платено со висок данок во крв.

Патот до имунитетот на стадото, кој некако е излез од пандемијата, е возможен кога сите луѓе се имуни и многу земји го постигнале тоа така што луѓето се вакцинирани. Во Хрватска го бараме патот до имунитет на стадо преку инфекција, а не вакцини. И тоа е жално. Нашата смртност е неколку пати поголема отколку во другите земји. Да, во одреден момент ќе добиеме имунитет на стадото, сите ќе бидат имуни, но тоа ќе се плати со висок данок на крв, рече Чичин-Шаин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.