Грипот е поврзан и со инфарктот. Истражување покажало дека луѓето болни од грип, се изложени во првата недела од болеста на шест пати поголем ризик од срцев удар. Овој ризик е особено зголемен кај возрасни луѓе, истакнуваат авторите на истражувањето објавено во “Њу Ингланд џурнал оф медисин”.

Ова истражување ги потврдува претходните кои ја покажуваат врската меѓу грипот, инфаркт и зголемената смртност.

Овие резултати се важни, бидејќи го потврдуваат постоењето на врска помеѓу грипот и инфарктот на миокардот и го зајакнуваат значењето на вакцинацијата против грип”, вели Џеф Квон од Институтот за хемиски науки и јавно здравје во Онтарио, Канада.

Студијата се базира на речиси 20.000 лабораториски потврдени случаи на грип помеѓу 2009 и 2014 година. Меѓу нив, 332 биле хоспитализирани со срцев удар истата година. Ризикот е поголем во текот на првите седум дена по инфекцијата, особено ако е за стари лица инфицирани со вирусот на инфлуенца тип Б, како и оние кои немаат срцев удар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.