Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) отвори телефонска линија за советување „Инфо Бебе” на кој ќе бидат споделени совети за бремени жени, мајки доилки и бебиња, информираат од ИЈЗ.

Сакаме да Ви помогнеме на патот кон здрава бременост, мајчинство и грижа на бебето! Нудиме совети за здрава исхрана, здрави животни навики, хигиена и грижа за бебиња, правилно доење, велат од ИЈЗ.

Линијата за поддршка е активна секој вторник и четврток од 11 до 13 часот, за совет или помош јавете се на: 078 285 613.

Претходно, ИЈЗ отвори телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето.Ллинијата е достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на телефонскиот број 078 285 873 и да добијат совети.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.