Денеска во Градскиот парк на Школка се одржа настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на „Играме заедно“ – Аутизам ААМК и Колектив Ветерница.
По трет пат се одржа една голема игротека со многу разновидни активности, забавни, тактилни игри, со музичка и ликовна работилница.
Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, да пеат, да другаруваат. И тие сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните. Но најважното од се` – сакаат да бидат заедно со другите деца. Сакаат да растат заедно.
Преку игра да им покажеме на семејствата со типичен развој дека треба да ги надминат своите стравови коишто се резултат само на страв од непознатото и да се обидат да се запознаат со атипичните лица и со нивните семејства, да дознаат за самата болест или состојба, да најдат начин на којшто би им помогнале. Но за да е возможно сето тоа, пред се’ овие лица треба да бидат прифатени токму онакви какви што се.
По овој прв, но голем чекор, на сите семејства ќе им биде многу полесно, затоа што заедно ќе се движиме низ секојдневието и ќе градиме здраво инклузивно општество.
А децата… децата за разлика од нас големите, гледаат со срцето и со душата, тие гледаат само деца си некаква различност, но и многу слични, затоа што и едните и другите сакаат прошетки, сакаат родендени, сакаат кино и слаткарници. Сите сакаат да Растат и да Играат заедно.
Дојдете на Школка и заедно да кажеме гласно – СИТЕ СМЕ ЗАЕДНО, СИТЕ
СМЕ ИСТИ НА РАЗЛИЧЕН НАЧИН!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.