Не е тајна дека влакната се исклучително здрави. Освен што помагаат во спречување на рак и кардиоваскуларни болести, тие се способни да ги врзат нездравите материи присутни во храната.
Според лекарите, најдобро за телото е да јадете круши, тиква, сливи, лук, аспарагус, зелка, спанаќ и семки од лен. Сите наведени намирници се богати со растителни влакна, а нивното дејство прво ќе го доживееме преку подобрено варење.
Покрај горенаведените намирници, лушпите од псилиум се уште еден извор на растворливи диететски влакна. Докажано е дека го намалуваат нивото на холестерол, што е важно за превенција од болести на срцето и кардиоваскуларниот систем. Освен влакна кои помагаат во нормализирање на работата на цревата, псилиумот содржи и несварливи јаглехидрати кои позитивно влијаат на микрофлората, пишува магазинот „Health“.
Според сегашните упатства, на жените им требаат 25 грама влакна дневно, што е еквивалентно на седум јаболка или 12 чаши брокула. На мажите им се препорачуваат 38 грама влакна дневно.
Влакната помагаат и во губење на тежината
Влакната се варат побавно, така што ќе ве држат сити подолго време. Колку сте посити и позадоволни после оброк, толку е помала веројатноста да посегнете по грицки. Друг плус е тоа што овошјето, зеленчукот и интегралните житарки се богати со растителни влакна, односно храна која сочинува здрава исхрана.
Не претерувајте
Ако внесувате премногу влакна, може да почувствувате гасови, надуеност и варење. Ако вообичаено не консумирате многу влакна, кога ќе одлучите да ги вклучите во вашата исхрана, правете го тоа постепено и следете како се чувствувате. Се разбира, пијте многу вода за да ги олесните стомачните тегоби од зголемувањето на дневниот внес на влакна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.