Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот, а се позиционирани високо и на европската листа, покажува анализата за потрошувачката на шеќер по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Македонците годишно консумираат по 36,7 килограми шеќер, Хрватите се втори со 33,8, пред Грците со 31,6, Бугарите, 27,5, Србите 22,4 и Црногорците со 21,2 килограми. Најмали љубители на слатко се Словенците со 19,4 и жителите на Босна и Херцеговина со 18,3 килограми.

Во Европа најмногу шеќер јадат Белгијците 48,3 и Полјаците 45,7 килограми. Најмалку слатко, пак, се консумира во Луксембург, само 10,8 килограми.

Податоците на „Landgeist“ не вклучуваат само суров шеќер, туку и количините во производите што содржат шеќер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.