Илир Адеми е наставник по музика, музикотерапевт и татко на 11-годишната Ембла, девојчето со Даунов синдром за кое деновиве зборува целата македонска јавност откако се дозна дека таа тргна на училиште со еден ден задоцнување и сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотирале наставата. Тие во петиција напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле заради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и заради нејзината наводна агресивност.
– Голтни едно, голтни друго, не се издржуваше веќе. Ние кои имаме деца со посебни потреби сме обично повлечени и знаеме да голтаме и да ги премолчуваме проблемите, но сега ми е драго што го актуелизирав проблемот со училиштето на Ембла затоа што знам дека со оваа наша победа, ќе им биде подобро и на другите деца како Ембла – вели Адеми.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.