Првутот е една од најнепријатните работи што можат да се случат кога станува збор за правилната нега и убавина на косата. Може да биде доста напорен за справување.

Затоа, прочитајте за овој необичен и неконвенционален трик кој ќе ви помогне да се ослободите од првутот без да трошите пари за скапите продукти и непотребно да се нервирате за нивната неефикасност.

Сѐ што ви е потребно е средство за плакнење уста, вода и шишенце од кое може да прскате како спреј. Она што треба да го направите е да ставите еднакви количини вода и средството за плакнење во шишенцето и добро да го протресете. Потоа, нанесете ја смесата директно на скалпот бидејќи таа е пресува за остатокот на вашата коса. Оставете да делува неколку минути и темелно измијте ја косата.

Листеринот има антисептични и антивоспалителни состојки како ментол и еукалиптус и покрај тоа што ги уништува бактериите во вашата усна празнина, помага и во грижата на сувиот скалп кој ве чеша и кој има првут.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.